No.1 за тонери во МК
+389 75 305965 SALES@MOJTONER.MK НАЈАВА / РЕГИСТРАЦИЈА

Информации за испорака



По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на истата. Само доколку има проблем со достапноста на производите, или се работи за производи на барање, нашиот оператор ќе Ве исконтактира веднаш или најдоцна во рок од еден до два работни дена. Доколку нарачката е направена во петок после 12ч., викенд, или за време на празници, операторот ќе стапи во контакт со Вас во следен прв работен ден.

Курирската служба врши превземање на пратките од магацинот на АПОЛО ДООЕЛ секој работен ден од понеделник до петок од 08-16ч., со вообичаен рок на достава на Вашата адреса од 24ч. на територијата на град Скопје, додека за адреси во внатрешноста вообичаен рок е 48ч. Доколку превземањето е во петок или пред празник, за испораката вообичаено се потребни еден односно два работни дена. За испораката да биде успешна потребно е да бидете присутни на адресата посочена за достава.

Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање. При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на испорачани производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на испорачаното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб страната www.mojtoner.mk најмалку 5 дена пред да стапат во сила.

Доколку Вашата нарачка надминува 1500 денари, испораката е бесплатна на територијата на Република С. Македонија. Исклучок претставуваат нарачки кои содржат хартија (поради големата тежина), како и одредени видови ИТ опрема (поради волуменот или специфичните технички карактеристики). Во такви случаи, МОЈТОНЕР.МК се обврзува да обезбеди најповолна понуда до купувачот.

За испораки надвор од Р. С. Македонија, трошокот на испорака го плаќа купувачот, со обврска МОЈТОНЕР.МК да обезбеди најповолна можна понуда за испорака.

За нарачките чија вредност е помала од 1500 денари поштарината ја плаќа купувачот при превземање на пратката согласно тарифата на избраната курирска служба.
FREE live chat software