No.1 за тонери во МК
+389 75 305965 SALES@MOJTONER.MK НАЈАВА / РЕГИСТРАЦИЈА

Политика за приватност


Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на www.mojtoner.mk, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Информации за испорака”, потребно е www.mojtoner.mk да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење (испорака), Вашата e-mail адреса и телефонски број. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на www.mojtoner.mk и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на АПОЛО ДООЕЛ, за наведената цел.

Лични податоци
• Вашите лични податоци ќе се користат исклучиво за навремена и точна испорака на Вашата нарачка и за наплата на цената за продадените производи и услуги.
• Дополнително, само со Ваша согласност, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за нашите промотивни понуди и попусти.
• Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди www.mojtoner.mk, како и АПОЛО ДООЕЛ воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на производите и услугите.

Употреба
• АПОЛО ДООЕЛ ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени.
• Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност.

Вашите права
Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да ја повлечете согласноста за праќање електронска пошта со рекламна содржина на Вашата е-маил адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од Ваша страна на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.

Како да нè контактирате
За сите барања и дополнителни информации, Ве молиме обратете се на sales@mojtoner.mk или на 02/3092-995.

Користењето на веб продажба преку www.mojtoner.mk не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, АПОЛО ДООЕЛ да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со позитивните законски прописи на Република С. Македонија.

АПОЛО ДООЕЛ и www.mojtoner.mk не собираат никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците од кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Банка АД Скопје. Транскацијата при наплаќање на производите со платежна картичка се пренасочува и се процесира преку порталот за наплата на платежни картички на НЛБ Банка АД Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. АПОЛО ДООЕЛ и www.mojtoner.mk нема намерно да собираат ниту користат податоци од малолетни лица. Истовремено се преземаат сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб страната www.mojtoner.mk најмалку 5 дена пред да стапат во сила.
FREE live chat software