No.1 за тонери во МК
+389 75 305965 SALES@MOJTONER.MK НАЈАВА / РЕГИСТРАЦИЈА

Услови на користење



Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги и затоа Ве молиме внимателно да ги прочитате истакнатите Услови за користење.

Со користењето на нашата страница www.mojtoner.mk и услугите на веб продажбата на АПОЛО ДООЕЛ, значи дека сте согласни и запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови на користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, ниту услугите понудени на истата.

1. Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба преку www.mojtoner.mk, која детално е опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Информации за испорака”, неопходно е АПОЛО ДООЕЛ да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и понатаму во моментите на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на АПОЛО ДООЕЛ за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат исклучиво со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, со Ваша согласност, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и АПОЛО ДООЕЛ воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

АПОЛО ДООЕЛ ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, доколку претходно сте дале согласност, можете да побарате повеќе да не Ви се испраќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на sales@mojtoner.mk или на 02/3092-995.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, АПОЛО ДООЕЛ да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.

2. Гаранции и одговорности

АПОЛО ДООЕЛ со ЕДБ 4030999366091 ја управува страницата www.mojtoner.mk од своето седиште на ул. Никола Парапунов бр. 27/3-5 1000 Скопје. На овој начин, АПОЛО ДООЕЛ гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија. Од друга страна, АПОЛО ДООЕЛ не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, АПОЛО ДООЕЛ не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. АПОЛО ДООЕЛ не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа АПОЛО ДООЕЛ не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

АПОЛО ДООЕЛ нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб- сајт. Сепак, АПОЛО ДООЕЛ има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку смета дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи. АПОЛО ДООЕЛ не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на веб-сајтот, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика С. Македонија.

3. Достава

Курирската служба врши превземање на пратките од магацинот на АПОЛО ДООЕЛ секој работен ден од понеделник до петок од 8-16h, со вообичаен рок на достава на Вашата адреса од 24ч. на територијата на град Скопје, додека за адреси во внатрешноста, вообичаен рок е 48ч. Доколку превземањето е во петок или пред празник, за испораката вообичаено се потребни еден односно два работни дена. За испораката да биде успешна потребно е да бидете присутни на адресата посочена за достава.

Само доколку има проблем со достапноста на производите, или се работи за производи на барање, нашиот оператор ќе Ве исконтактира во рок од еден до два работни дена. Доколку нарачката е направена во петок после 12 ч., викенд или за време на празници, операторот ќе стапи во контакт со Вас на почетокот на наредната работна недела.

4. Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на описот, шифрата, количината или од други причини отстапува од нарачаниот производ, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 5 дена од денот на продажбата.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да нè информирате на sales@mojtoner.mk или на 02/3092-995 и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

Ако АПОЛО ДООЕЛ нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. АПОЛО ДООЕЛ се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во Барањето за замена.

5. Достава на производ со недостатоци

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:
- врз основа на презентирање на производот;
- употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;
- времето кога производот е пуштен во промет и
- кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:
- својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;
- дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;
- презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и
- категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
- сразмерно намалување на продажната цена;
- замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
- замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со
соодветно намалување или зголемување на производната цена и
- раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда. АПОЛО ДООЕЛ е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање.

6. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

АПОЛО ДООЕЛ го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед на тоа дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на www.mojtoner.mk и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

АПОЛО ДООЕЛ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

8. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

АПОЛО ДООЕЛ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република С. Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. АПОЛО ДООЕЛ не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

9. Политика за заштита на доверливите податоци и информации

АПОЛО ДООЕЛ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. АПОЛО ДООЕЛ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

10. Политика и услови на доставување на производ и услуга

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку избраната курирска пошта на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на страницата www.mojtoner.mk. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка, со безготовинско плаќање на профактура или во готово при преземање од курирската служба.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

11. Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички

АПОЛО ДООЕЛ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.
FREE live chat software