No.1 за тонери во МК
MK EN +389 72 302-954 SALES@MOJTONER.MK НАЈАВА / РЕГИСТРАЦИЈА

За нас


Основна дејност


МОЈТОНЕР.МК е специјализирана интернет продавница на АПОЛО ДООЕЛ Скопје (ЕДБ 4030999366091) за продажба на оригинални и компатибилни тонери, кертриџи, рибони и сите други потрошни принтерски материјали. Од дома, од работа или во движење, МОЈТОНЕР.МК Ви нуди удобно, сигурно и лесно купување на голем асортиман производи. Во нашето портфолио ќе најдете најголем избор на оригинални и компатибилни тонери, кертриџи и други потрошни принтерски материјали, принтери, друга ИТ опрема, услуги на сервис и изнајмување на принтери. Погледнете ги и останатите производи кои Ви се достапни.



Цел и Стратегија


Целта на МОЈТОНЕР.МК е крајните потрошувачи да добијат богата, разновидна, квалитетна и конкурентна понуда на сите видови принтерски потрошни материјали, принтери, сервис и опслужување. Најчесто употребуваните тонери и принтери се достапни од богатата залиха, но во случаи кога корисникот има специфичен принтер (постар модел, поредок модел, модел од неевропско потекло и сл.) МОЈТОНЕР.МК ќе стори се во рамки на своите можности да достави понуда со цел задоволување и на поспецифични потреби од оваа област. Во исто време, МОЈТОНЕР.МК ќе води максимална коректна и професионална политика на однесување кон своите клиенти во насока на нивно целосно задоволство.



Сертификати на Аполо Дооел


Стандарди на работење

Од самиот почеток на нашето работење, паралелно со грижата за врвен квалитет на прозиводите што ги дистрибуираме, водевме сметка процесите на нашето работење да ги усогласиме со меѓународните стандарди на работење.

Во 2019 година Аполо преку реномираниот TUV NORD се здоби со 3 сертификати и тоа: