No.1 за тонери во МК
MK EN +389 75 305965 SALES@MOJTONER.MK НАЈАВА / РЕГИСТРАЦИЈА

ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ НА „КОЛАЧИЊА“ (COOKIES)


1. Што претставуваат „колачиња“(cookies)?

Колачињата (анг. cookies) претставуваат мали текстуални датотеки (фајлови), кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страниците кои ги посетувате и да придонесат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуални датотеки можат да се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“, во зависност од нивното времетраење. Постојаните колачиња остануваат на Вашиот компјутер и откако ќе го исклучите интернет пребарувачот (ќе преминете во т.н. „офлајн“ состојба), за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се запомнат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.

Постојат 3 вида на колачиња во зависност од нивната намена:
Задолжителни колачиња се оние кои се апсолутни неопходни за непречено работење на интернет страницата. Овие колачиња секогаш автоматски се превземаат на Вашиот компјутер, не чуваат никакви лични податоци и за нивното поставување не е потребна Ваша согласност.

Покрај задолжителните колачиња, користиме и аналитички и маркетинг колачиња за кои е потребна Ваша согласност.

Аналитичките колачиња овозможуваат испраќање и анализа на активностите на корисникот на интернет страницата заради подобрување на функционалноста на интернет страницата или нашите услуги, како на пример оптимизација на веб локацијата за различни типови на уреди, оперативни системи, идентификација на најпопуларни и најмалку популарни производи, анализа на пребарувања на купувачите низ веб локацијата итн.

Маркетинг колачињата ни овозможуваат да можеме да ги објавуваме своите известувања на МОЈТОНЕР.МК и АПОЛО.МК страната, како и на други веб страници и социјални мрежи на начин кој е прилагоден на Вашите интереси земајќи ја предвид Вашата претходна посетеност на нашата интернет страница.

2. Зошто користиме „колачиња“(cookies)?

На веб страницита mojtoner.mk и apollo.mk користиме колачиња од следните причини:

• За подобро техничко функционирање на страната;
• За подобрување на корисничкото искуство;
• За оптимизирање и унапредување на фунционалноста на веб страницата;
• За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страната (големина на фонт, контраст на боја итн.)
• За да запомниме дали се согласувате(или не) со нашето користење на колачиња на оваа веб страница;
• Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето претходно пребарување, како на пример IP адресата, која содржина сте ја пребарале на нашата веб страница, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

3. Каков вид на „колачиња“(cookies) користиме?

Веб страницита mojtoner.mk и apollo.mk користат трајни и неопходни колачиња , кои го памтат пребарувањето кога корисникот ќе го исклучи интернет пребарувачот, се со цел да се задржи состојбата на корисникот и кои се потребни за непречена работа на веб страницата.

Веб страницита mojtoner.mk и apollo.mk користи аналитички и маркетинг колачиња за кои е потребно да дадете Ваша согласност.

4. Дали може да се избришат или контролираат „колачињата“(cookies)?

Информациите поврзани со колачињата не се користат и не можат да се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на користење на аналитичките и маркетинг колачињата не е неопходно потребно за работа на нашата веб страница, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку не сте согласни со користењето на овие веб колачиња истите може да ги избришете или блокирате. Можете да ги избришете сите колачиња кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да го подесите поголемиот дел од интернет пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога ја посетувате оваа веб страница, а исто така можно е да не работат некои услуги и функционалности.

5. Прифаќање на условите

Како корисник, Вие имате можност да дадете согласност за користење на колачиња или да го одбиете истото. Со користење на колачињата Вие се согласувате со Политиката за користење на колачиња за сите видови на колачиња: неопходни, аналитички и колачиња за маркетинг. Со одбирање на полето „не се согласувам“ Вие не се согласувате со користење на аналитички колачиња и колачиња за маркетинг. Вашето континуирано користење на оваа веб страница следејќи ги нејзините промени ќе се смета како да се согласувате со дадените промени. Кога за прв пат ќе пристапите на веб страната на mojtoner.mk и apollo.mk може да добиете порака која што Ве известува дека користиме колачиња . Со кликнување на „се согласувам“ или „не се согласувам“ Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате или не се согласувате со употребата на овие датотеки, како што се објаснети во оваа Политика за користење на колачиња , при што може да ги промените подесувањата во Вашиот интернет пребарувач за да ги дозволите, органичите или забраните колачињата.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, АПОЛО ДООЕЛ Скопје Ве уверува дека податоците оставени на нашата веб страна нема да бидат злоупотребени, објавени или споделени со трето лице било правно или физичко.

Со почит,
АПОЛО ДООЕЛ - Скопје